Скопје

Пак се тресеше Скопје, втор земјотрес за 24 часа

Нов земјотрес го потресе Скопје вечерва во 18:44 часот, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот, со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, е втор што ги вознемири граѓаните на главниот град во изминатите 24 часа.

Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 70 километри североисточно од Елбасан во Република Албанија и на 17 километри исток-североисточно од Центар Жупа во Северна Македонија.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри.

На почеток