Земјотрес со јачина од 3,3 степени ја стресе Преспа
Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14:04 часот е регистриран во епицентралното подрачје Преспа.Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на околу 127 километри југозападно од Скопје.Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, а жителите на Битола и околината го почувствувале со интензитет од III до IV степен според Европската макросеизмичка скала.
Македонија | пред 1 седмица