Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес од 5 степени ја погоди Гранада во Шпанија: Оштетени куќи и автомобили, нема повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarya7k2p23okej83FhjCce
screenshot x

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот шпански град Гранада во раните утрински часови во саботата, при што се пријавени оштетувања на куќи и автомобили, но засега нема информации за повредени, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Земјотресот го погодил поширокото подрачје на Алхендин нешто по 1 часот по полноќ. Шпанската телевизија ТВЕ објави снимки на кои се гледаат остатоци расфрлани по улиците и оштетени автомобили.

— реклама —

Екипите на службите за итни случаи во Андалузија спасиле повеќе лица од оштетени објекти.

— реклама —

Високиот претставник за итни случаи на регионот Андалузија, Антонио Санц, изјави дека нема сериозни структурни или материјални оштетувања ниту човечки жртви.

Земјотресот не предизвикал никаква штета ниту на палатата Алхамбра, еден од најзначајните примери на исламската архитектура во Андалузија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvelfnl5s3rd74iInIaZ

(Видео) Во куќа во Шпанија пронајдени 74 мигранти, меѓу нив и 10 малолетници без придружба

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarypgppi2ihjill8E0sLvK

(Видео) Четири жртви во поплавите во Шпанија, спасени 450 лица

Свет | пред 4 дена

media-librarymqhtf5bfn42r2u0hrNR

ФИФА ја казни Шпанија поради исламофобични извици на натпреварот со Египет

Спорт | пред 1 седмица

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанија пред предвремени избори? Санчез најави обраќање во 9 часот

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања