Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Свет
media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

Генералниот штрајк во Шпанија, прв по 14 години, кој беше организиран поради станбената криза и високите трошоци за живот, заврши со насилни судири и најмалку 75 приведени лица. Низ земјата биле регистрирани вкупно 1.044 инциденти, а во протестите учествувале околу четири милиони работници.

Најжестоки судири имало во Барселона, каде што маскирани демонстранти палеле контејнери, кршеле излози и фрлале пиротехнички средства кон полицијата. Полицајците одговориле со солзавец. Оштетени биле меѓу шест и десет продавници, а приведени биле 50 лица.

— реклама —
— реклама —

Насилни инциденти имало и во Мадрид, каде што полицијата употребила солзавец, бибер-спреј и проектили од пена против дел од демонстрантите. Во главниот град протестирале околу 120.000 луѓе, додека во Барселона на улиците излегле повеќе од 50.000.

Штрајкот го организирале најголемите синдикати во Шпанија, кои бараат мерки за решавање на станбената криза и намалување на трошоците за живот. Според податоците што ги пренесуваат агенциите, во земјата недостигаат околу 750.000 станови, а просечната месечна кирија достигнала 1.176 евра.

— реклама —
— реклама —

Протестите предизвикале прекини во производството и сериозни нарушувања во железничкиот, градскиот и јавниот превоз. Синдикалните лидери го оценија одзивот како масовен и успешен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 3 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања