Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Шпанскиот фудбал го потресе веста за смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина на 30-годишна возраст, откако не ги преживеа последиците од тешкиот судир со противничкиот голман на натпревар од втората шпанска лига.

— реклама —

Несреќата се случила на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора, кој бил прекинат во седмата минута од судиското продолжение, при резултат 2:2. По една одбранбена интервенција на Тенерифе, топката стигнала до Де Мигел, кој се најде во изгледна можност за гол. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрчал од гол-линијата, но при интервенцијата силно се судрил со напаѓачот.

— реклама —

Де Мигел ја загубил свеста и останал неподвижен на теренот. Судијата на Овоно му покажал директен црвен картон, а медицинските екипи и фудбалерите на двата тима веднаш притрчале да му помогнат на повредениот играч.

— реклама —

Од Тенерифе првично соопштиле дека фудбалерот е хоспитализиран во тешка, но стабилна состојба. Сепак, неговата состојба се влошила во текот на ноќта, а клубот во вторникот наутро ја потврдил неговата смрт, заедно со Синдикатот на професионални фудбалери на Шпанија.

Тенерифе изрази сочувство на семејството, пријателите и соиграчите на Де Мигел, а семејството побара почитување на приватноста во овие тешки моменти. Сочувство упати и Андора, како и повеќе шпански клубови, меѓу кои Мајорка, Рајо Ваљекано, Валенсија и Осасуна.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 2 дена

media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Свет | пред 3 дена

media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 69

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања