Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанската влада подготвува пакет социјална помош за повредените и семејствата на загинатите во судирот на возови во провинцијата Толедо, во кој животот го загубија 69 лица. Премиерот Педро Санчез најави дека мерките ќе бидат усвоени во вторник, а приоритет на владата е помошта за настраданите.

— реклама —

Санчез истакна дека една од главните обврски на владата е што побрзо да ја врати довербата на граѓаните во брзиот железнички сообраќај во Шпанија. Тој најави и целосна поддршка за независната истрага, со цел темелно и транспарентно да се утврдат причините за несреќата.

— реклама —

Пакетот помош ќе опфати четири мерки: двојно зголемување на задолжителното осигурување од последици од несреќи, исплата на авансна отштета за настраданите, подобрување на надоместоците за привремена спреченост за работа и отворање канцеларии за сеопфатна поддршка на погодените.

— реклама —

Ова е втората тешка железничка несреќа во Шпанија во период од девет месеци. Во претходната несреќа, во градот Адамус во провинцијата Кордоба, загинаа 46 лица. Така, бројот на загинати во двете несреќи достигна 115.

— реклама —

Шпанската влада ја посочи можноста за човечка грешка, но независните истражители од организацијата АИТАТ во прелиминарниот извештај наведоа дека трагедијата била последица на низа дефекти, инструкции и постапки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Свет | пред 3 дена

media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 69

Свет | пред 4 дена

media-libraryovvrem5ti963fQCGa14

(Видео) Протести пред Министерството за транспорт во Мадрид по железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања