Промени тема
Контакт

ЗЕМЈОТРЕС

media-library50sif4ujm2490Dn1tYX

(Видео) Во земјотресот на Филипини се зголемува бројот на загинатите, сцените се застрашувачки

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди централниот дел од Филипините се искачи на 69, а владата ги мобилизираше агенциите за потрага по преживеани и враќање на снабдувањето со електрична енергија и вода.Болницата во северниот град Бого кој беше во непосредна близина на епицентарот е „преоптоварена“, изјави службеникот за цивилна заштита Рафи Алехандро.Во природната катастрофа има и повеќе од 150 лица се повредени. Претседателот Фердинанд Маркос помладиот вети брза

Свет | пред 1 година

zemjotres

Земјотрес од 6,7 степени по Рихтер регистриран на Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините.Според податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки, епицентарот на потресот бил регистриран на островот Лејте.Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета, а локалните власти апелираат на претпазливост и внимателно следат дали ќе има нови подземни потреси.

Свет | пред 1 година

zemjotres

Почуствуван земјотрес во Косово

Околу два часот по полноќ, земјотрес го погоди регионот на Косово. Потресот имал јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.Епицентарот бил во близина на местото Качаник. Засега нема пријавено материјална штета или повредени лица.Сеизмолозите советуваат дека, иако земјотресот бил слаб, граѓаните треба да останат внимателни и да се придржуваат до основните правила за заштита при потреси.

Свет | пред 1 година

media-librarylmsdt2uk3mqd6LvpsBN

Неколку земјотреси ја погодија северна Грција – најсилниот со јачина од 4,8 степени кај Атос

На полуостровот Атос (Света Гора) утрово беа регистрирани четири земјотреси, при што најсилниот достигна јачина од околу пет степени според Рихтер, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил лоциран во Егејското Море, на приближно десет километри јужно од манастирот Хиландар, на длабочина од околу пет километри.Надлежните соопштија дека засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Свет | пред 1 година

kamcatka

За 24 часа повеќе од 120 потреси на Камчатка - најсилниот земјотрес е со јачина од 7,4 степени

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пацификот во петокот наутро во 06:58 часот по локално време, со епицентар на 93 километри од Петропавловск Камчатски, јави Риа Новости. Регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека потресот бил почувствуван во градските окрузи Петропавловск-Камчатски и Вилучински, но предупредување за цунами не било издадено.Според регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар за геофизички истраж

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 година

avgan-zemjotres

(Видео) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати

Свет | пред 1 година

zemjotres-avganistan

(Видео) Повеќе од 600 загинати и илјадници повредени во силен земјотрес во Авганистан, Талибанците бараат меѓународна помош

Природна катастрофа го погоди источен Авганистан, каде што силен земјотрес од 6 степени по Рихтер усмрти најмалку 610 лица, а повеќе од 1.300 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на властите предводени од Талибанците.Епицентарот бил лоциран на 27 километри од Џалалабад, петтиот по големина град во земјата, и околу 140 километри од Кабул. Според Геолошкиот завод на САД, потресот е регистриран на длабочина од 8 километри во 19:17 часот по Гринич.Куќи и згради се урнати во повеќ

Свет | пред 1 година

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул,

Свет | пред 1 година

kamcatka

Како Камчатка преживеа разорен земјотрес без жртви: Најсилен потрес од 1952 година, но со добар крај

И покрај разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер кој ја погоди руската Камчатка, засега не се пријавени човечки жртви, а само неколку лица се здобиле со полесни повреди. Според Руската академија на науки, станува збор за најсилен земјотрес во регијата од 1952 година наваму, и еден од десетте најсилни воопшто регистрирани во светот. Настанот предизвика и цунами со бранови високи до четири метри, кои делумно го потопија градот Северо-Курилск.Сепак, разорноста на потресот беше ам

Свет | пред 1 година

cunami-kamcatka

(Видео) Цунами по историски силниот земјотрес на Камчатка, пловат куќи во морето!

Цунами брановите погодија делови од пристанишниот град Северо-Курилск, каде живеат околу 2.000 жители. Според руското Министерство за вонредни состојби, најсилниот од трите бранови предизвикал значителна штета на пристанишната инфраструктура и одвлекол неколку закотвени бродови во теснецот. Властите прогласија вонредна состојба, а населението беше успешно евакуирано на повисоки и безбедни локации. Во Јапонија, цунами бран од 1,3 метри е забележан во пристаништето Куџи, во префектурата Ивате, на

Свет | пред 1 година

cunami

(ФОТО/ВИДЕО) Моќен земјотрес од 8,8 степени по Рихртер го стресе рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами во повеќе држави долж Пацификот

Крајбрежјето на далечниот исток на Русија беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, со епицентар на полуостровот Камчатка. Поради потресот, беа активирани предупредувања за појава на цунами во неколку земји што се наоѓаат околу Пацифичкиот Океан, меѓу кои Русија, Јапонија, Хаваи, Чиле и други држави, објави Ројтерс.Сеизмичкиот настан е оценет како најинтензивен во регионот во изминатите седум децении.Регионалните власти во Камчатка соопштија дека се појавиле бранови со височи

Свет | пред 1 година

seizmograf

Слаб земјотрес синоќа почувствуван во Скопје и околината, епицентарот во Косово

Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град.Земјотресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа н

Скопје | пред 1 година

Santorini

Силен земјотрес го стресе тлото на популарен грчки остров

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини.Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос.Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета.фото: Unsplash

Свет | пред 1 година

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабо

Охрид | пред 1 година

Zemjotres

Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во

Македонија | пред 1 година

zemjotres-2-2

Рано утрово земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Утрово, во 04:35 часот, бил почувствуван краток земјотрес во Охрид и поширокиот регион.Според првичните податоци, земјотресот имал магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри, со епицентар на приближно 9 км североисточно од Охрид.Земјотресот бил почувствуван од жителите на градот и околните населби, како и во пограничните места со Албанија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-22-at-08.12.53

Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини.Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион.До сега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, утрово ја погоди Албанија.Земјотресот бил со епицентар на 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, во охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 1 година

IMG_1730

Земјотрес почувствуван во Македонија, втор за три дена

Земјотрес со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија. Според информациите од сервисот ЕМСЦ, земјотрес е регистриран на седум киломтери од Центар Жупа.Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.Ова е втор земјотрес во изминативе три дена. Претходниот беше со јачина од 2.5 степени и на 10 километри источно од Скопје. 

Македонија | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Скопје.Според податоците од сервисот ЕМСЦ, земјотресот бил на 10 километри источно од центарот на градот.Истиот бил на длабочина од 8.2 километри.

Скопје | пред 1 година

IMG_0005

(Видео) Разорен земјотрес во Тибет: први снимки, над 50 загинаа

Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи.Загинаа најмалку 53 лица, 60 се повредени, а во моментов во тек се спасувачки операции. Земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина.Шигатсе е седиште на Панчен Лама, една од најважните фигури на тибетскиот будизам, чиј духовен авторитет е веднаш по Далај Лама.Шест села се на оддалеченост од 5 километри од епицентар

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 7 часот и 23 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-07-at-11.37.17

Пак се тресеше Скопје, втор земјотрес за 24 часа

Нов земјотрес го потресе Скопје вечерва во 18:44 часот, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот, со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, е втор што ги вознемири граѓаните на главниот град во изминатите 24 часа.Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 70 километри североисточно од Елбасан во Република Албанија и на 17 километри исток-североисточно од

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања