Промени тема
Контакт

(Видео) Во земјотресот на Филипини се зголемува бројот на загинатите, сцените се застрашувачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library50sif4ujm2490Dn1tYX

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди централниот дел од Филипините се искачи на 69, а владата ги мобилизираше агенциите за потрага по преживеани и враќање на снабдувањето со електрична енергија и вода.

Болницата во северниот град Бого кој беше во непосредна близина на епицентарот е „преоптоварена“, изјави службеникот за цивилна заштита Рафи Алехандро.

Во природната катастрофа има и повеќе од 150 лица се повредени. Претседателот Фердинанд Маркос помладиот вети брза помош, велејќи дека службениците се на терен и ги насочуваат операциите за помош и изрази сочувство до оние кои ги загубија своите најблиски.

— реклама —

Друг тешко погоден град е Сан Ремиџо, каде што заменик-градоначалникот Алфи Рејнс апелираше за храна и вода за евакуираните, како и тешка опрема за да им помогне на спасувачите.

— реклама —

Локалните медиуми објавија видеа од луѓе кои бегаат од своите домови додека земјата се тресеше и зградите се уриваа, вклучувајќи ја и црквата стара повеќе од 100 години.

— реклама —

Сеизмолошките служби ја проценија длабочината на земјотресот на околу 10 км и регистрираа неколку последователни потреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6 степени. Немаше закана од цунами по земјотресот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,3 степени ја стресе Преспа

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhv2l17tmdur39iVIwuL

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почувствуван во југозападна Македонија

Македонија | пред 4 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Попладнево регистриран земјотрес од 2,7 степени во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Албанија – еве каде бил епицентарот

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања