Како Камчатка преживеа разорен земјотрес без жртви: Најсилен потрес од 1952 година, но со добар крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
kamcatka

И покрај разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер кој ја погоди руската Камчатка, засега не се пријавени човечки жртви, а само неколку лица се здобиле со полесни повреди. Според Руската академија на науки, станува збор за најсилен земјотрес во регијата од 1952 година наваму, и еден од десетте најсилни воопшто регистрирани во светот. Настанот предизвика и цунами со бранови високи до четири метри, кои делумно го потопија градот Северо-Курилск.

— реклама —

Сепак, разорноста на потресот беше амортизирана од неколку клучни фактори. Епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, околу 125 километри оддалечен од најблискиот голем град, Петропавловск-Камчатски. Иако потресот предизвикал оштетувања на објекти, како детски градинки, клучната инфраструктура, вклучително и меѓународниот аеродром, останала функционална.

Една од причините зошто последиците беа минимални е и ретката населетост на Камчатка – целиот полуостров брои околу 340.000 жители. Дополнително, како што објаснуваат експертите, локалните власти и населението имале висок степен на подготвеност. Биле спроведени навремени евакуации, вежби и редовни обуки за постапување при катастрофи.

— реклама —

„Најважно е што нема загинати. Нашите жители се искусни, знаат како да постапат. Над 2400 лица се евакуираа навреме на повисоки предели и се безбедни“, изјави гувернерот на регионот, Валериј Лимаренко. Градоначалникот на Северо-Курилск исто така потврди дека „сите се наоѓаат над безбедносната линија за цунами“.

Камчатка, како дел од т.н. „Пацифички огнен прстен“, е еден од најсеизмички активните региони на планетата, каде честопати се случуваат силни земјотреси и вулкански ерупции. Според научниците, примерот од Камчатка покажува колку се важни превенцијата, сеизмички безбедната инфраструктура и едукацијата на населението при природни катастрофи од ваков обем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања