Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Тибет, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.

— реклама —

Епицентарот се наоѓал стотици километри северно од подрачјата на Непал и Тибет, кои во средата беа погодени од разорни поплави со голем број жртви и исчезнати лица.

— реклама —

Кинескиот центар за следење на земјотресите, пак, пријавил потрес со јачина од 4,7 степени во областа Нагчу во Тибет.

Новиот земјотрес се случува во период кога кинеските власти се соочуваат и со дополнителен ризик од поплави. Кина активирала мерки за одбрана од поплави од четврто ниво поради опасност од пробивање на природна брана и излевање на езеро создадено по одрон.

— реклама —

Кинеското Министерство за водни ресурси им наложило на локалните власти внимателно да ја следат состојбата со езерото и врнежите, а во округот Ѓиронг бил испратен и стручен тим.

— реклама —

Земјотресот е регистриран во момент кога спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнати лица по катастрофалните поплави долж границата меѓу Непал и Тибет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 2 седмици

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања