Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

Најмалку 22 лица се повредени во силниот земјотрес што во неделата околу 1 часот по полноќ го погоди централниот дел на Јапонија. Потресот предизвикал вознемиреност меѓу населението, а многу луѓе во паника ги напуштале зградите.

Јапонската метеоролошка агенција ја проценила магнитудата на земјотресот на 5,7 степени, додека Американскиот геолошки институт регистрирал магнитуда од 5,5 степени. По главниот потрес следувале и неколку послаби земјотреси.

— реклама —

Епицентарот бил во префектурата Шизуока, на длабочина од околу 40 километри под површината. Потресот бил почувствуван во поширокиот регион, вклучувајќи ги областите околу Аичи, Хамамацу, Кјото, Нара, Јаманаши, каде што се наоѓа планината Фуџи, и Гифу.

— реклама —

Според телевизиските снимки, земјотресот предизвикал материјална штета, меѓу која скршени излози, расфрлани парчиња стакло по улиците и паднати книги од полиците во една книжарница. Дел од повредените паднале по скали додека се обидувале да ги напуштат објектите.

Јапонската метеоролошка агенција предупредила дека во наредните недели може да има силни последователни потреси, особено во следните два до три дена, и ги повикала граѓаните да бидат подготвени.

— реклама —

Како мерка на претпазливост, брзите возови „Шинкансен“ во погодените области сообраќале со намалена брзина поради можноста земјотресите да предизвикаат оштетувања на железничките пруги.

— реклама —

Јапонија се наоѓа во сеизмички активно подрачје, каде што земјотресите се честа појава, пренесе „Бета“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8l49b08ete85elVhyK5

(Видео) Снегот го затрупа планинскиот дом во Јапонија: Вработените со лопати го расчистуваат влезот

Вирално | пред 4 дена

— реклама —
media-library9j5o9s1br6ik3AzGbjp

Јапонците направија телефон за оние што сакаат да се одморат од интернетот

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Јапонија и Јужна Кореја кренаа борбени авиони поради руски воени летала

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања