Промени тема
Контакт

ЈАПОНИЈА

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Јапонија и Јужна Кореја кренаа борбени авиони поради руски воени летала

Истовременото подигање на борбени авиони во Јапонија и Јужна Кореја поради движење на руски воени летала ги зголеми тензиите во регионот. Токио соопшти дека две летала, за кои постои сомневање дека се руски, го нарушиле јапонскиот воздушен простор, по што на Москва ѝ упатило остар дипломатски протест, јавува АФП.Според јапонското Министерство за одбрана, леталата влегле во воздушниот простор северозападно од островот Окиношима, недалеку од Фукуока. Првото било забележано околу 4:07 часот по лока

Свет | пред 2 дена

media-librarya8guuj5akr2v6YEziVE

Македонија и Јапонија ги продлабочуваат образовната и научната соработка

Министерката за образование и наука Весна Јаневска престојува во посета на Јапонија, каде што оствари средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел продлабочување на соработката и воспоставување нови партнерства меѓу двете земји.На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, биле разгледани можностите за заеднички иницијативи, особено јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија. Јанев

Македонија | пред 6 дена

media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Најмалку 22 лица се повредени во силниот земјотрес што во неделата околу 1 часот по полноќ го погоди централниот дел на Јапонија. Потресот предизвикал вознемиреност меѓу населението, а многу луѓе во паника ги напуштале зградите.Јапонската метеоролошка агенција ја проценила магнитудата на земјотресот на 5,7 степени, додека Американскиот геолошки институт регистрирал магнитуда од 5,5 степени. По главниот потрес следувале и неколку послаби земјотреси.Епицентарот бил во префектурата Шизуока, на длаб

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри.Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот бил регистриран во 7:15 часот по локално време, а епицентарот бил на отворено море, јужно од Нагоја, на длабочина од дури 325 километри.Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.По земјотресот не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Јапонски научници истражуваат нов пристап во лекувањето на ракот, со кој токсични супстанции би се создавале директно во канцерогените клетки, со цел нивно уништување и минимално оштетување на здравото ткиво.Истражувањето го спровел тим од јапонскиот институт RIKEN, предводен од научникот Кацунори Танака, а резултатите се објавени во научното списание „Nature Communications“.Експерименталниот метод се потпира на јаглерод моноксидот, кој одредени видови канцерогени клетки го произведуваат во пого

Свет | пред 2 седмици

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Јапонија планира постепено да ја намалува зависноста од руската нафта и јаглен, но нема да се повлече од нафтените и гасните проекти „Сахалин 1“ и „Сахалин 2“, кои ги смета за важни за својата енергетска безбедност.Во годишниот извештај за надворешната политика, јапонското Министерство за надворешни работи ја нагласува стратешката важност на двата проекта и најавува дека земјата ќе ги задржи своите удели за да обезбеди стабилно снабдување со енергенси на среден и долг рок.Во 2025 година, течниот

Свет | пред 3 седмици

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Втор реактор во јапонската нуклеарна централа Онагава денеска привремено престана со работа откако било утврдено дека вентил на опрема поврзана со системот за довод на вода пропушта течност.Компанијата „Тохоку електрик пауер“, која управува со централата во префектурата Мијаги, на североистокот на Јапонија, очекува реакторот повторно да биде пуштен во работа за околу 10 дена, пренесува „Кјодо“.Од компанијата во четвртокот соопштиле дека од вентилот истекло мало количество вода, по што најавиле к

Свет | пред 1 месец

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Јапонската економија се соочува со значителен пораст на корпоративните банкротства, при што во првата половина од 2026 година бројот на пропаднати компании достигна највисоко ниво во последните 14 години.Според податоците на „Теикоку Датабанк“, од јануари до јуни банкротирале 5.335 компании со долгови од најмалку 10 милиони јени. Тоа е за 332 компании повеќе од истиот период лани и највисока бројка од 2012 година.Најпогодени се секторите на услуги, малопродажба и градежништво. Како една од главн

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на јапонската префектура Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка управа.Епицентарот бил регистриран во близина на оддалечениот остров Јонагуни, додека жариштето било на длабочина од околу 10 километри.Засега нема информации за жртви или материјална штета, а по земјотресот не било издадено предупредување за цунами.Јапонија е меѓу земјите во светот со највисок ризик од земјотреси, бидејќи се наоѓа во областа п

Свет | пред 1 месец

media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd

Рекорд во Јапонија: Бројот на стогодишници за првпат надмина 100.000

Јапонија за првпат има повеќе од 100.000 стогодишници, покажуваат најновите податоци на јапонското Министерство за здравство. Во земјата сега живеат 107.677 лица на возраст од 100 или повеќе години, што е за 7.914 повеќе во споредба со минатата година.„Драго ни е што многу луѓе живеат подолго и остануваат активни благодарение на напредокот на медицинската технологија“, изјавил министерот за здравство, Кеничиро Уено.Бројот на стогодишници во Јапонија расте 56 години по ред. Кога земјата почнала д

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd6iddvtjtlcp6Of6P9H

(Видео) Јапонија под силно невреме: Рекордни врнежи, парализиран сообраќај и 41 повреден

Силно невреме со обилни врнежи предизвика сериозни проблеми во централниот дел на Јапонија, при што најмалку 41 лице се здобило со полесни повреди во градот Нагоја, соопштија локалните власти.Во Нагоја, во префектурата Аичи, во вторникот биле измерени рекордни количества дожд, поради што градските власти прогласиле мерки за итна помош на целата територија на градот, пренесува „Кјодо“.Обилните врнежи предизвикале прекини и застои во сообраќајот, па голем број патници и ученици останале заглавени

Свет | пред 2 месеци

media-library9iivud2dpf0u8sZqOz0

(Видео) Тајфун се приближува до Јапонија: Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи и поплави

Јапонските власти издадоа предупредување за опасни временски услови, со прогноза за интензивни врнежи во Токио и уште шест префектури од понеделник. Се очекуваат обилни количества дожд во краток временски период, поради што граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност.Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можност од формирање на таканаречена линеарна дождовна зона, која може да донесе силни врнежи што ќе траат неколку часа. Предупредувањето се однесува на Токио и префектурите Саита

Свет | пред 2 месеци

media-library2gk7ftgnfatt4eO6KZ5

Јапонија потроши рекордни 15,4 трилиони јени за спас на домашната валута

Јапонските власти во изминатиот месец потрошиле рекордни 15,4 трилиони јени, односно околу 96,5 милијарди долари, на интервенции на девизниот пазар со цел да ја поддржат домашната валута. Податоците во петокот ги објави јапонското Министерство за финансии.Обемот на интервенцијата ја покажува решителноста на Токио да го запре слабеењето на јенот, кој падна на најниско ниво во однос на доларот во последните четири децении.Слабиот јен негативно влијае врз приходите на големите јапонски извозници, н

Свет | пред 2 месеци

media-libraryedaegfbiqda47wqTxBT

(Видео) 1800 луѓе ја поместија кулата тешка 360 тони – неверојатна сцена од Јапонија

Околу 1.800 луѓе изминатиот викенд учествуваа во необична операција во северниот дел на Јапонија, при која кула тешка 360 тони беше рачно поместувана за повеќе од два метра. Станува збор за кулата на замокот Хиросаки, која се враќа кон својата првобитна позиција во рамките на голем проект за реконструкција.Кулата привремено била поместена за да се овозможи санација на камениот ѕид врз кој се наоѓа, а кој бил оштетен во силниот земјотрес во 2015 година. Наместо да биде расклопена, за нејзиното пр

Свет | пред 2 месеци

putin

Нова ескалација меѓу Јапонија и Русија по посетата на Путин на спорните острови

Дипломатските тензии меѓу Јапонија и Русија околу спорните острови северно од Хокаидо повторно се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин ги посети островите. Москва денеска го повика јапонскиот амбасадор на разговор откако Токио го оцени потегот како „целосно неприфатлив“ и упати официјален протест до руската страна.Станува збор за четири острови од јужниот дел на Курилскиот архипелаг – Итуруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи. Јапонија ги нарекува Северни територии и смета дека се нејзи

Свет | пред 3 месеци

media-library8scunvq7v8hp3dzU4QV

(Видео) Рекордни дождови ја парализираа Јапонија: Четири лица загинаа, 7.000 патници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја зафатија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и сериозни проблеми со електроснабдувањето. Најмалку четири лица го загубија животот, а едно лице се води како исчезнато.Во делови од префектурата Чиба, која се наоѓа во близина на Токио, за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд. Водата поплавила патишта и железнички линии во период кога земјата е во еден од најфреквентните празнични периоди.Меѓу загинатите е и лице кое останало заробено во поплаве

Свет | пред 3 месеци

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

„Не си играјте со огнот“: Кина упати предупредување до Јапонија за нуклеарното оружје

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Јапонија да ги почитува ставовите на своите граѓани, да ги исполни меѓународните обврски и да се откаже од, како што наведе, „играњето со огнот“ кога станува збор за нуклеарното оружје.Портпаролот на министерството, Лин Џијан, изјави дека јапонските власти треба да ја почитуваат волјата на граѓаните и да останат доследни на принципите според кои земјата не произведува, не поседува и не дозволува распоредување нуклеарно оружје на своја

Свет | пред 3 месеци

media-librarymkk6rnc6fk113WO8h7Z

(Видео) Хирурзи го штитеа пациентот додека силен земјотрес од 7,1 степен ја тресеше операционата сала

Надзорна камера во болница во јапонскиот град Кумамото сними драматичен момент кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди операционата сала за време на хируршка интервенција.На снимката се гледа како лекарите со телата го придржуваат операцискиот стол и го штитат пациентот, додека просторијата силно се тресеше, а медицинската опрема се поместува и паѓа.Во еден момент, силните потреси оттурнуваат дел од медицинскиот персонал кон другиот крај на салата. Еден од членовите на тимот паѓа

Свет | пред 3 месеци

media-librarydot3allko9gfdnjmFCf

Јапонија во тревога: Тајфунот „Делфин“ носи ветрови до 198 километри на час

Стотици илјади жители на југозападниот дел на Јапонија добија наредба за евакуација поради приближувањето на тајфунот „Делфин“, кој носи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови.Јапонските власти наредија евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава. Поради невремето, откажани се повеќе од 500 летови, а автомобилскиот производител „Тојота“ привремено го запре производството во девет фабрики.Според Јапонската метеоролошка агенција (JMA), тајфунот од прва категорија

Свет | пред 3 месеци

873x400-94

Бројот на загинати во силниот земјотрес во Јапонија се искачи на 28, спасувачите сè уште трагаат по преживеани

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степен според Рихтеровата скала, што во вторникот ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, се искачи на 28, соопштија јапонските власти.Главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, изјави дека спасувачките операции продолжуваат со полн интензитет и дека потрагата по преживеани претставува „трка со времето“.Екипите и натаму пребаруваат урнатини во трговски центар и во оштетена фабрика за хартија, каде што се стравува

Свет | пред 3 месеци

media-library8g7t3qmrh41c7TtwcQJ

Тројца загинаа во експлозија по силниот земјотрес во Јапонија, претседателот на компанијата јавно се извини

Претседателот на јапонската компанија „Еон“, Акио Јошида, јавно се извини по експлозијата во еден од трговските центри на компанијата во префектурата Кумамото, во која загинаа тројца вработени, додека неколку лица сè уште се водат како исчезнати.Експлозијата се случила во вторникот, околу 50 минути откако силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди областа Кумамото. Во моментот на земјотресот, вработените успеале да евакуираат околу 3.000 посетители, но подоцна било утврдено дека неколку в

Свет | пред 3 месеци

873x400-94

Бројот на загинати во силниот земјотрес во Јапонија се искачи на 13, спасувачите трагаат по преживеани

Бројот на загинати во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој го погоди јужниот дел на Јапонија, се искачи на најмалку 13 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивна потрага по преживеани.Најтешко погоден е регионот околу Кумамото, каде што делумно се урна трговскиот центар „Еон“, а околу еден час по потресот се случила и експлозија. Од урнатините биле извлечени осум лица, но тројца од нив им подлегнале на повредите. Според операторот на трговскиот

Свет | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 7,1 степени во Јапонија: Прекинат железничкиот сообраќај, предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, со епицентар во префектурата Кумамото, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.По земјотресот беше издадено предупредување за можно цунами, при што се очекуваат бранови високи до еден метар долж делови од крајбрежјето. Властите ги повикаа жителите да се оддалечат од брегот и да ги следат упатствата на надлежните служби.Јапонската влада активираше итни предупредувања за повеќе префектури н

Свет | пред 3 месеци

sonce-so-termometar

Јапонија петти ден по ред се соочува со температури над 40 степени

Јапонија и денеска се соочува со екстремен топлотен бран, при што температурите петти ден по ред надминуваат 40 Целзиусови степени.Највисока температура од 40,2 степени е измерена во градот Кувана, во префектурата Мије, во централниот дел на земјата. Според локалните медиуми, ова е најдолгата низа денови со температури над 40 степени откако во 2010 година почнало систематското водење на вакви податоци.Поради жештините, предупредувања се издадени за 37 од вкупно 47 јапонски префектури. Температур

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања