Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хирурзи го штитеа пациентот додека силен земјотрес од 7,1 степен ја тресеше операционата сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarymkk6rnc6fk113WO8h7Z

Надзорна камера во болница во јапонскиот град Кумамото сними драматичен момент кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди операционата сала за време на хируршка интервенција.

— реклама —

На снимката се гледа како лекарите со телата го придржуваат операцискиот стол и го штитат пациентот, додека просторијата силно се тресеше, а медицинската опрема се поместува и паѓа.

Во еден момент, силните потреси оттурнуваат дел од медицинскиот персонал кон другиот крај на салата. Еден од членовите на тимот паѓа на подот додека се обидува да ја обезбеди опремата, но двајца хирурзи не се оддалечуваат од пациентот и продолжуваат да го држат операцискиот стол.

— реклама —

Според јапонските медиуми, по смирувањето на потресите, медицинскиот тим ја продолжил операцијата и успешно ја завршил. Болницата со редовна работа продолжила на 5 август.

— реклама —

Земјотресот го погоди јужниот дел на островот Кјушу на 28 јули. Во катастрофата загинаа 38 лица, а повеќе од 120 беа повредени.

Потресот предизвика големи материјални штети, меѓу кои експлозија во трговски центар, уривање на фабрички оџак, оштетувања на бројни објекти и прекини во снабдувањето со струја и вода. Илјадници жители беа евакуирани, а потресот се почувствува и во Јужна Кореја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 15 часа

— реклама —
mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 3 дена

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања