Промени тема
Контакт

Рекорд во Јапонија: Бројот на стогодишници за првпат надмина 100.000

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd
фото: unsplash

Јапонија за првпат има повеќе од 100.000 стогодишници, покажуваат најновите податоци на јапонското Министерство за здравство. Во земјата сега живеат 107.677 лица на возраст од 100 или повеќе години, што е за 7.914 повеќе во споредба со минатата година.

— реклама —

„Драго ни е што многу луѓе живеат подолго и остануваат активни благодарение на напредокот на медицинската технологија“, изјавил министерот за здравство, Кеничиро Уено.

Бројот на стогодишници во Јапонија расте 56 години по ред. Кога земјата почнала да ја води оваа статистика во 1963 година, имало само 153 лица постари од 100 години. По 25 години, бројот надминал 10.000.

— реклама —

Жените сочинуваат околу 88 отсто од сите стогодишници. Јапонија е меѓу земјите со најдолг животен век во светот – жените во просек живеат до 87 години, а мажите до 81 година.

— реклама —

Но, додека бројот на највозрасните жители расте, вкупното население на Јапонија забрзано се намалува поради ниската стапка на наталитет и релативно малата доселеничка стапка. На почетокот на годинава бројот на јапонски државјани за првпат по 42 години паднал под 120 милиони, на околу 119,7 милиони.

Само за една година населението се намалило за 917.000 жители, бројка приближна на населението на еден голем град. Стареењето на населението и нискиот наталитет ги зголемуваат трошоците за социјална заштита и создаваат сè поголем притисок врз јавните финансии.

— реклама —

Јапонија воедно има и највисок јавен долг меѓу индустриски развиените држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Јапонија

Свет | пред 6 дена

media-libraryd6iddvtjtlcp6Of6P9H

(Видео) Јапонија под силно невреме: Рекордни врнежи, парализиран сообраќај и 41 повреден

Свет | пред 3 седмици

media-library9iivud2dpf0u8sZqOz0

(Видео) Тајфун се приближува до Јапонија: Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи и поплави

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања