Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryis110mvrlqd15RmF96W
unsplash

Јапонски научници истражуваат нов пристап во лекувањето на ракот, со кој токсични супстанции би се создавале директно во канцерогените клетки, со цел нивно уништување и минимално оштетување на здравото ткиво.

— реклама —

Истражувањето го спровел тим од јапонскиот институт RIKEN, предводен од научникот Кацунори Танака, а резултатите се објавени во научното списание „Nature Communications“.

Експерименталниот метод се потпира на јаглерод моноксидот, кој одредени видови канцерогени клетки го произведуваат во поголеми количества. Научниците развиле специјално соединение на паладиум, кое со помош на протеинот албумин се внесува во клетките и предизвикува хемиска реакција при која се создава супстанција способна да ги уништи.

— реклама —

Методот бил испитан во лабораториски услови врз човечки клетки од рак на црниот дроб, дојката, грлото на матката и белите дробови. Резултатите покажале дека реакцијата била поизразена во канцерогените отколку во испитуваните здрави клетки.

— реклама —

Истражувачите сметаат дека пристапот би можел да придонесе за развој на попрецизни терапии против ракот, со помало оштетување на здравото ткиво.

Сепак, методот сè уште е во рана експериментална фаза и не е испитан врз животни или луѓе. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат неговата безбедност и ефикасност.

— реклама —

Засега не станува збор за готов лек, туку за научен пристап што отвора можност за понатамошно истражување на селективното уништување на канцерогените клетки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Јапонија и Јужна Кореја кренаа борбени авиони поради руски воени летала

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 2 седмици

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања