Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Јапонија под силно невреме: Рекордни врнежи, парализиран сообраќај и 41 повреден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryd6iddvtjtlcp6Of6P9H

Силно невреме со обилни врнежи предизвика сериозни проблеми во централниот дел на Јапонија, при што најмалку 41 лице се здобило со полесни повреди во градот Нагоја, соопштија локалните власти.

— реклама —

Во Нагоја, во префектурата Аичи, во вторникот биле измерени рекордни количества дожд, поради што градските власти прогласиле мерки за итна помош на целата територија на градот, пренесува „Кјодо“.

— реклама —

Обилните врнежи предизвикале прекини и застои во сообраќајот, па голем број патници и ученици останале заглавени во текот на ноќта. Околу 1.600 лица се засолниле во евакуациски центри, додека околу 200 возила биле оштетени поради поројните дождови.

— реклама —

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека обилните врнежи ќе продолжат во голем дел од земјата до четврток. Поради тоа, постои опасност од поплави и одрони, а граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Јапонија и Јужна Кореја кренаа борбени авиони поради руски воени летала

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања