Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес од 7,1 степени во Јапонија: Прекинат железничкиот сообраќај, предупредување за цунами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, со епицентар во префектурата Кумамото, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

— реклама —

По земјотресот беше издадено предупредување за можно цунами, при што се очекуваат бранови високи до еден метар долж делови од крајбрежјето. Властите ги повикаа жителите да се оддалечат од брегот и да ги следат упатствата на надлежните служби.

— реклама —

Јапонската влада активираше итни предупредувања за повеќе префектури на островот Кјушу, меѓу кои Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки.

— реклама —

Од безбедносни причини привремено беше прекинат железничкиот сообраќај, вклучително и дел од линиите на брзите возови „Шинкансен“, додека надлежните служби вршат проверки на инфраструктурата. Во близина на погоденото подрачје се наоѓаат и нуклеарните централи Сендаи и Генкаи, а според првичните информации не се регистрирани неправилности во нивното работење.

Засега нема информации за жртви или поголеми материјални штети, а властите предупредуваат дека се можни дополнителни потреси во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 15 часа

— реклама —
mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 3 дена

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања