Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Не си играјте со огнот“: Кина упати предупредување до Јапонија за нуклеарното оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Јапонија да ги почитува ставовите на своите граѓани, да ги исполни меѓународните обврски и да се откаже од, како што наведе, „играњето со огнот“ кога станува збор за нуклеарното оружје.

— реклама —

Портпаролот на министерството, Лин Џијан, изјави дека јапонските власти треба да ја почитуваат волјата на граѓаните и да останат доследни на принципите според кои земјата не произведува, не поседува и не дозволува распоредување нуклеарно оружје на својата територија.

— реклама —
— реклама —

Изјавата следува по анкета на Јапонското здружение за истражување на јавното мислење, според која 76 отсто од испитаниците ги поддржуваат трите ненуклеарни принципи на Јапонија, а 77 отсто се против воведување модел на „нуклеарна поделба“, кој би овозможил САД да распоредат нуклеарно оружје во земјата.

Во меѓувреме, јапонската влада неодамна го објави годишниот извештај за одбраната, во кој се наведува дека земјата мора да се прилагоди на новите облици на војување и да ја зајакне сопствената одбранбена индустрија. Во документот, Кина е означена како најголем стратешки предизвик за Јапонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 3 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 4 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања