Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
mkd-393567

Јапонија планира постепено да ја намалува зависноста од руската нафта и јаглен, но нема да се повлече од нафтените и гасните проекти „Сахалин 1“ и „Сахалин 2“, кои ги смета за важни за својата енергетска безбедност.

— реклама —

Во годишниот извештај за надворешната политика, јапонското Министерство за надворешни работи ја нагласува стратешката важност на двата проекта и најавува дека земјата ќе ги задржи своите удели за да обезбеди стабилно снабдување со енергенси на среден и долг рок.

— реклама —

Во 2025 година, течниот природен гас од проектот „Сахалин 2“ сочинувал 8,6 отсто од вкупниот увоз на овој енергенс во Јапонија, со што Русија била трет најголем снабдувач. Од истиот проект, кој е изземен од западните санкции, Јапонија во првата половина од годината увезла околу 1,53 милиони барели нафта. Јапонските купувачи во моментов не набавуваат нафта од „Сахалин 1“.

— реклама —

Проектот „Сахалин 1“ опфаќа три нафтени и гасни полиња во близина на североисточниот брег на рускиот остров Сахалин. По руската инвазија врз Украина и најавата за повлекување на „ЕксонМобил“ од Русија, во октомври 2022 година управувањето со проектот премина на истоимената руска компанија. Во сопственичката структура учествуваат руски компании, јапонската државна енергетска компанија СОДЕКО, индиската ОНГЦ и „ЕксонМобил“.

„Сахалин 2“, пак, ги опфаќа нафтените и гасните полиња во Охотското Море и постројката за производство на течен природен гас на југот од островот. Во 2025 година, нејзиниот производствен капацитет достигнал 10,3 милиони тони годишно. Со проектот управува компанијата „Сахалин Енерџи“, во чија сопственичка структура се рускиот „Газпром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Јапонија

Свет | пред 3 седмици

media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd

Рекорд во Јапонија: Бројот на стогодишници за првпат надмина 100.000

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања