Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тајфун се приближува до Јапонија: Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи и поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library9iivud2dpf0u8sZqOz0

Јапонските власти издадоа предупредување за опасни временски услови, со прогноза за интензивни врнежи во Токио и уште шест префектури од понеделник. Се очекуваат обилни количества дожд во краток временски период, поради што граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност.

— реклама —

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можност од формирање на таканаречена линеарна дождовна зона, која може да донесе силни врнежи што ќе траат неколку часа. Предупредувањето се однесува на Токио и префектурите Саитама, Канагава, Чиба, Шизуока, Аичи и Мие, пренесува „Кјодо“.

— реклама —

Метеоролозите предупредуваат на опасност од свлечишта, поплавување на пониските подрачја и нагло зголемување на водостојот на реките во делови од источна Јапонија.

До 6 часот во понеделник наутро, во регионот Токаи се очекуваат до 300 милиметри дожд, до 250 милиметри во областа Канто-Кошин, која го опфаќа и Токио, додека во регионот Кинки, со центар во Осака, се прогнозираат до 200 милиметри.

— реклама —

Во меѓувреме, тајфунот утрово се наоѓал на околу 130 километри од Наха, главниот град на префектурата Окинава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Јапонија и Јужна Кореја кренаа борбени авиони поради руски воени летала

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryefrf6kd4m0ag0Jkj4qb

(Видео) Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија, најмалку 22 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања