Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред мишелин ресторанот „Луј 15“, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа. Но не е познато кога е направена.
ВИДЕО:
Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може да биде од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува во ресторанот.
И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно, во Македонија успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.
Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.
Мијалков стана шофер, вози низ струшкиот затвор
Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ.Директорот од ЛДП Јовица Стојановиќ грубо и се обрати на новинарката на ИРЛ: „Што сакаш да ти кажам повеќе? Кој ден, во колку саат го пали комбето?“ ИРЛ открива дека од ВИП криминалците кои станаа охриѓани предвреме на слобода излегол Зоран Милевски Кичеец, а обвинителите не поднеле жалба на неговото барање.Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени како триумф на правдата, иако казните беа ниски и не ги опфатија сите нивни дела. Обвинителството дури и се спогодуваше за пари наместо затвор со луѓето кои што го оштетија државниот буџет. Првиот сигнал дека казната затвор не е иста за обичен смртник и богат и моќен човек, беше привилегијата која ја добија да бираат каде ќе ја одлежат. Сите го одбраа затворот во Струга, во кој добија статус на слободни затвореници. Од елитното друштво таму остана уште Мијалков, кој според управата на затворот е работно ангажиран како “возач за потребите на затворот”.Осудениците пред да заминат на отслужување на затворска казна прво ќе ја променат адресата на живеење и ќе станат охриѓани. Со тоа ќе си овозможат наместо во затворот „Идризово“, казната да ја издржуваат во Казнено поправниот дом во Струга. Овој затвор не е озлогласен како тој во Идризово затоа што целиот затвор е од отворен тип. Го раководи Ваљон Ќира, кадар на ДУИ и е од отворен тип. Затворениците не се чуваат под клуч во ќелиите, туку се слободни во кругот на затворот и можат да бидат работно ангажирани надвор од установата. Во правосудството добивме и нов термин – затворски туризам, но институциите не открија ништо противзаконски кога елитните скопјани го одбраа затворот во Струга. И очигледно, не погрешија.Веќе 11 месеци поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е затвореник во Струга. Тој лани во август почна да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“. Сашо Мијалков одлучил да не се вработи, но изразил желба да помага во секојдневните работни активности на затворот на позиција возач.Целиот текст можете да го прочитате тука
Македонија | пред 2 години
Тогаш дури и јавно се отворија прашањата, дали Мијалков воопшто е во затвор.