Македонија

Политички маркетинг од џебот на граѓаните

Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог.
Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот заменик Истрет Исени. Некои од интерпелациите добија седум пратенички гласа поддршка, а некои ,, цели” три.
Единствено 61 пратеник гласаа за интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт. Но и тоа било попусто и необврзувачко според толкувањето од Кабинетот на спикерот, Африм Гаши.Истото го потврди и ставот на пратеникот од ВЛЕН, Халил Снопче, искажан преку соопштение од меил од Арбен Таравари. Тој потврди дека Даути која доаѓа од коалицијара на нивниот политички опонент останува претседател на Комисијата и уште дека ВЛЕН гласале против разрешување на Даути. И нормално обвинувањата се на сметка на медиумите кои наводно ширеле дезинформции.

Нејасен остана ставот на ВЛЕН, дали ваквиот став е поради Законот за бранители кои Даути одби да го стави на комисиска расправа, но и спикерот Гаши не го искористи своето деловничко право самиот да закаже седница на Комисијата.

Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала.

Од Европскиот фронт се потпишаа за интерпелациите, но не беа сите на гласање. Говорницата се употреби за партиски препукувања и маркетинг пред локалните избори, а сето ова го платија повторно граѓаните.

На почеток