Свет

Општа мобилизација во Лос Анџелес, пристигна најлошата можна прогноза, градот се подготвува за најмрачниот исход

Сѐ што постигнаа пожарникарите од Лос Анџелес со натчовечки напори во последните денови се заканува да падне во вода, откако пристигна прогноза која ја загрижи цела Америка. Целиот град се подготвува за најлошото, за силни ветрови и „експлозивен раст на нови пожари“, пишува Њујорк Тајмс. Десетици илјади евакуирани се обидуваат да најдат засолниште, што го влошува и онака големиот недостиг на станови во градот.

Шефот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули, изјави дека нејзините противпожарни екипи се подготвени за посилни ветрови, кои се очекува да ја зголемат опасноста од пожар, пренесува NYT. „Штрајкувачките тимови и потребната механизација се распоредени низ градот за да се осигураме дека имаме способност брзо да одговориме“, рече таа.

Таа додаде дека „опасноста апсолутно не поминала“ и ги повика жителите да ги почитуваат сите наредби за евакуација.

Шерифот Роберт Луна од округот Лос Анџелес призна дека е многу загрижен за временската прогноза и силните налети на ветер што ги очекуваат метеоролозите.

Предупредувањата за пожар се издаваат од 122 локални канцеларии за прогноза на Националната метеоролошка служба низ САД. Критериумите што се користат за да се одреди дали локалната служба за прогноза ќе издаде предупредување може да вклучува, меѓу другите фактори, веројатнос за појава на гром (која може да запали пожар), силни ветрови и мала влажност.

Во овој момент, Националната метеоролошка служба издаде предупредување за „екстремна опасност од пожар“ од Сан Луис сè до Л.А.

Според Њујорк Тајмс, Националната метеоролошка служба предупреди дека ветровите би можеле да доведат до „експлозивен раст на пожарот“, предизвикувајќи ретка, „особено опасна ситуација“ предупредување за екстремна опасност од пожари во делови од окрузите Вентура и Лос Анџелес.

Организаторите на Оскарите по новите информации од метеоролошката служба повторно го одложија објавувањето на номинациите за Оскарите за 23 јануари. Потсетуваме дека номинациите веќе еднаш се одложени. Откажан е и традиционалниот годишен ручек на Академијата за филмски уметности и науки, кој стои зад Оскарите.

Најголемиот пожар, оној во Палисадите на Пацификот, моментално е само 14 отсто под контрола, јавува Би-Би-Си. Во Итон 33 отсто од пожарот е локализиран, пишува Би-Би-Си.

Тие понатаму наведуваат дека американските медиуми и нивните метеоролози ветровите кои доаѓаат од правец на Санта Ана, Калифорнија, ги нарекуваат „историски“. Нивната сила се очекува да се намали дури по среда навечер.

На почеток