(Видео) Три загинати и тројца тешко повредени откако теренско возило удри во група пешаци во Лос Анџелес
Три лица загинаа, а уште тројца се тешко повредени откако теренско возило удрило во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, САД.Несреќата се случила вчера, нешто пред 18 часот по локално време. Според полицијата и противпожарната служба, три лица починале на местото на настанот, додека двајца пешаци и возачот на теренецот биле пренесени во болница.Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, соопшти дека возилото излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи.
Свет | пред 2 дена