Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Три загинати и тројца тешко повредени откако теренско возило удри во група пешаци во Лос Анџелес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Свет
media-libraryniob401kffnc3UxdadQ

Три лица загинаа, а уште тројца се тешко повредени откако теренско возило удрило во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, САД.

Несреќата се случила вчера, нешто пред 18 часот по локално време. Според полицијата и противпожарната служба, три лица починале на местото на настанот, додека двајца пешаци и возачот на теренецот биле пренесени во болница.

— реклама —

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, соопшти дека возилото излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Според телевизијата КЦАЛ-ТВ, теренецот удрил во штанд за храна во близина на автобуска постојка, на една од главните сообраќајници во населбата.

— реклама —

Полицијата сè уште ги утврдува околностите на несреќата и проверува дали станува збор за несреќен случај или возачот намерно удрил во пешаците.

— реклама —

„Мораме да утврдиме што точно се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Баргер, членка на Надзорниот одбор на округот Лос Анџелес, најавувајќи дека ќе ја следи истрагата.

— реклама —

Градоначалничката Бас изрази сочувство на семејствата на загинатите и повредените и најави дека нејзиниот кабинет ќе соработува со надлежните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library391a3ut3t27nfKEcCSK

Медицински хеликоптер се урна во Лос Анџелес: Двајца загинаа, по едно лице се трага

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryn6ro5iuer974fPBMuCW

(Видео) Тројца загинати и двајца повредени во пад на новинарски хеликоптер во Лос Анџелес

Свет | пред 1 месец

media-library9nuptkpd950ed0frBRd

(Видео) Речиси два месеци по пожарот, Лос Анџелес се гуши во смрдеа: Гнијат тони месо и морски плодови

Свет | пред 3 месеци

media-library3fkt16s6bf3caooVE9P

(Видео) Пожар во складиште гори веќе неколку дена, Лос Анџелес прогласи вонредна состојба

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања