Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Сѐ послаби се ветровите во Лос Анџелес, пожарникарите го контролираат најсмртоносниот пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-16-at-18.01.20

Една недела откако шумските пожари почнаа да ја пустошат областа во Лос Анџелес, противпожарните екипи конечно напредуваат.

Пожарот во Итон во близина на Пасадена, кој однесе седумнаесет животи од вкупно 25 потврдени смртни случаи досега, беше локализиран речиси 50 отсто во средата.

Пожарот Палисадес, кој зафати голема површина на западниот раб на Лос Анџелес, исто така не се шири во последните денови, според локалните власти. Според првите проценки, повеќе од 12.000 згради биле уништени или оштетени во областа.

Временската прогноза за следните неколку дена - со слабеење на ветрот и пад на температурата - конечно има причина за надеж дека најакутната фаза од оваа катастрофа можеби е завршена. Сепак, пожарникарите се уште се во состојба на готовност бидејќи опасните ветрови од Санта Ана во секој момент можат да ја искомплицираат ситуацијата.

— реклама —

— реклама —

Повеќето од црвените предупредувања за пожар во погодените области истекоа во средата навечер по локално време, соопшти метеоролошката служба на Лос Анџелес. Само околу 82.000 луѓе останаа под наредба за евакуација, рече шерифот на округот Роберт Луна.

Сепак, американските медиуми објавија дека незадоволството расте меѓу жителите, од кои многумина ги напуштиле своите домови со едвај малку работи. Опожарените области се уште се опколени и не е одреден датум кога жителите ќе се вратат дома.

— реклама —

Во меѓувреме, окружниот обвинител на округот Лос Анџелес и полицијата повторно повикаа на најстроги можни казни за криминалците кои се обидуваат да ја искористат катастрофата.

Претходно оваа недела, окружниот обвинител Нејтан Хохман поднесе обвинение против 10 осомничени разбојници, провалници и пиромани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3fkt16s6bf3caooVE9P

(Видео) Пожар во складиште гори веќе неколку дена, Лос Анџелес прогласи вонредна состојба

Свет | пред 3 седмици

media-libraryp0va5m896lil2IVxKbT

Вештачката интелигенција создава уметност во живо: Отворен „Даталенд“ во Лос Анџелес

Свет | пред 3 седмици

media-library4c530s1ujv06eTO6j46

(Видео) Густ црн чад над Лос Анџелес: Голем пожар во складиште, жителите предупредени да останат дома

Свет | пред 3 седмици

media-library57tkrq8sgm311AMJiyp

(Видео) Голем пожар во близина на Лос Анџелес: Илјадници луѓе се евакуираат

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања