Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Свет
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk
unplash

Два патнички авиони на „Ер Франс“ и „Американ ерлајнс“ опасно се приближиле еден до друг веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, САД. Инцидентот се случил на 7 ноември, околу 00:20 часот по локално време, а американските воздухопловни власти започнале истрага.

— реклама —

Според Федералната управа за воздухопловство на САД (FAA), авионот на „Ер Франс“, кој летал кон Тахити, направил неовластено свртување по полетувањето и се нашол на патеката на авионот на „Американ ерлајнс“, кој истовремено полетал од паралелна писта на пат кон Далас.

— реклама —

Снимките од комуникацијата со контролата на летање покажуваат дека контролорите итно реагирале за да спречат судир. На екипажот на „Ер Франс“ му било наредено нагло да сврти надесно и да се врати на предвидената патека, додека авионот на „Американ ерлајнс“ добил наредба да ја намали висината.

По отстранувањето на опасноста, контролорите повеќепати побарале објаснување од францускиот екипаж за отстапувањето од зададената патека, но ниту по речиси 20 минути комуникација не добиле јасен одговор.

— реклама —

Контролата на летање го класифицирала настанот како можно отстапување на пилотите. Двете авиокомпании засега не го коментирале инцидентот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Свет | пред 6 дена

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Патнички авион испратил сигнал за киднапирање, пресретнат од хрватски и германски ловци

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања