Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Европска авиокомпанија преку ноќ ги прекина сите летови: „Ситуацијата е критична...“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Свет
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk
unplash

Норвешката авиокомпанија „Norse Atlantic Airways“ ги прекина сите летови и предупреди дека може да прогласи стечај доколку итно не обезбеди краткорочно финансирање.

— реклама —

Компанијата, која оперираше со долги летови меѓу Европа, САД и Азија, соопшти дека се наоѓа на работ на банкрот, откако нејзината финансиска состојба дополнително се влошила.

— реклама —

Како причина за тешкотиите се наведуваат наглиот раст на цените на авионското гориво од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари, зголемените трошоци и намалената доверба кај патниците, пишува „Гардијан“.

Од компанијата информираат дека разговараат со инвеститори и разгледуваат можности за финансирање или преземање, но засега нема гаранции дека ќе најдат решение за да го избегнат стечајот.

— реклама —

„Norse Atlantic Airways“ е основана во 2021 година и располага со флота од 12 авиони „Боинг 787 Дримлајнер“. Во обид да ги намали трошоците, компанијата претходно започна програма за штедење од 50 милиони долари, а седиштето го пресели од Норвешка во Латвија.

— реклама —

Прекинот ги погоди и летовите од лондонскиот аеродром „Гетвик“ кон Орландо, Бангкок и Кејптаун. Компанијата им се извини на патниците за предизвиканите непријатности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1oeu4fs1598h72vxkq4

Авион на „Американ ерлајнс“ принудно слета по дојава за пламен од моторот

Свет | пред 5 дена

— реклама —
cigari

Запалил цигара во авион пред полетување, па бил исфрлен од летот

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 2 седмици

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања