Промени тема
Контакт

(Видео) Во солзи зборуваат како изгубиле се во пожарот во Лос Анџелес: „Имаме само тоа што го носиме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-10-at-18.36.08

Пожарот во Лос Анџелес се уште не е под контрола. Најмалку десет луѓе загинаа, над 180.000 се евакуирани. Уништени се илјадници домови. Меѓу нив е куќата на Валтер и Јалда Сика во Алтадена, кои таму ги поминале последните 40 години.

„Ние стоиме овде без ништо“, изјави Валтер за локалната станица KABC додека видно се бореше со емоциите.

— реклама —

Двојката со безбедносната камера го снимила моментот кога пламенот се приближил до нивниот дом на врвот на Алтадена драјв. Иако се надеваа дека ќе имаат каде да се вратат, пожарот ги проголта сите куќи.

— реклама —

И покрај се, Јалда Сис останува решена да го обнови нивниот дом.

— реклама —

„Преплавен сум со емоции. Не знам како ќе поминеме низ ова, но знам дека ќе го поминеме. Ќе биде долг процес. За жал, има толку многу луѓе во иста ситуација. Навистина катастрофално“, изјави таа за локалниот KABC.

Нивните највредни работи сега пеплосани, освен неколкуте основни работи што ги донеле со себе за време на евакуацијата, а ги спасиле и нивните две кучиња, пренесува CNN.

— реклама —

„Ова е мојот дом. Отсекогаш сум сакала да живеам во Алтадена. Ќе најдам начин“, цврсто рече Јалда.

„Дојдов да видам дали останало нешто од куќата. Сè е таму. Мајка ми почина, сите нејзини работи останаа таму, имам само неколку спомени. Венчаницата, венчалниот албум, целата облека. Ние го имаме само она што го носиме“, расплака за Би-би-си млада жена која изгубила се во пожарот додавајќи: „Целиот мој живот остана таму“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library391a3ut3t27nfKEcCSK

Медицински хеликоптер се урна во Лос Анџелес: Двајца загинаа, по едно лице се трага

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryn6ro5iuer974fPBMuCW

(Видео) Тројца загинати и двајца повредени во пад на новинарски хеликоптер во Лос Анџелес

Свет | пред 2 седмици

media-library9nuptkpd950ed0frBRd

(Видео) Речиси два месеци по пожарот, Лос Анџелес се гуши во смрдеа: Гнијат тони месо и морски плодови

Свет | пред 1 месец

media-library3fkt16s6bf3caooVE9P

(Видео) Пожар во складиште гори веќе неколку дена, Лос Анџелес прогласи вонредна состојба

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања