Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот
По многу жртви, разурнати домови, уништени семејства, Хамас и Израел постигнаа договор за запирање на непријателствата и ослободување на заложниците.
Договорот е постигнат со посредство на САД, Катар и Египет.
Jerusalem Post објави дека договорот ќе се одвива во три фази. Во првиот, Хамас би ослободил 31 заложник, а израелските одбранбени сили постепено би се повлекле од Појасот Газа, но би го задржале безбедносниот периметар. Израел, исто така, ќе ги ослободи, како што велат, терористите осудени на доживотен затвор, вклучително и оние кои учествувале во нападот на 7 октомври 2023 година.
Првата фаза би траела 42 дена, а првиот ден, три жени држени во заробеништво од Хамас ќе бидат ослободени.
Втората фаза вклучува ослободување на дополнителни заложници и повлекување на ИДФ од Појасот Газа, како и обезбедување безбедносни протоколи за Палестинците кои се враќаат во северниот дел на Газа.
Во третата фаза, сите преостанати заложници ќе бидат на слобода, а ИДФ потоа целосно би се повлекла од Појасот Газа.
Според Ал Арабија, која се повикува на палестински извори, објавувањето на договорот за прекин на огнот во Газа ќе биде извршено во Каиро.