Од овој петок разведрување, наутро температури и под -10 степени


Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи у утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.
На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.
Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.
После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи. Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација.
