Украинците со беспилотни летала уништија складиште за гориво на 160 километри од Москва
Украинците погодиле складиште за гориво во областа Тула, јужно од Москва, во напад со дрон, кој се запалил, соопштија локалните власти рано утринава. Гувернерот на регионот Дмитри Миљаев на Телеграм напиша дека во нападот на објектот нема повредени и дека се уништени пет дронови.
Тула, лоцирана на 160 километри јужно од Москва, беше цел на напад само неколку часа по сличен напад со дрон во регионот Калуга, југозападно од главниот град, кој исто така предизвика пожар во складиште за гориво, соопштија локалните власти.
Украина, со помош на своите западни сојузници, се одбранува од целосна руска инвазија речиси три години, напаѓајќи рафинерии и складишта за гориво длабоко во руската заднина во обид да го прекине снабдувањето со гориво за руската војска како одговор на руската напади врз енергетската инфраструктура на Украина.
And another Russian oil depot area was targeted tonight. The one which is located near Dedilovo station in the Tula region of Russia. 335km from the frontline. (54.0238075, 38.0436448) https://t.co/K0JvcUxPQ4 pic.twitter.com/u5AFNtvWSs
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) January 18, 2025