Свет

Експлозивно ветување на Доналд Трамп ги разбранува „духовите“ во САД

За време на неговиот политички митинг во неделата, пред неговата инаугурација во Вашингтон во понеделник, Доналд Трамп даде ветување што, во најмала рака, ги разбрани „духовите“ во САД.

Имено, идниот претседател на САД вети дека ќе ја објави и отвори архивата за атентатот на Џон Кенеди, поранешниот американски претседател кој беше убиен во Далас во 1963 година.

Ова ветување беше едно од клучните моменти од неговиот митинг, каде што илјадници Американци чекаа на студ и снег да го видат Трамп.

„Како прв чекор кон враќање на владината транспарентност и одговорност, ќе ја реорганизираме класификацијата на доверливите владини документи“, вети Трамп, а потоа продолжи: „Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите доверливи документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди, д-р Мартин Лутер Кинг, но и други документи од голем интерес за јавноста.

Роберт Ф.

На почеток