Свет

(Видео) Маск доби функција во новата влада, славеше додека Трамп зборуваше за луѓе на Марс

Вчера беше потврдено учеството на Илон Маск во новата администрација на Доналд Трамп. Маск седеше зад членовите на семејството Трамп на церемонијата, смеејќи се и мавтајќи додека Трамп изјави дека „ќе ја следи нашата судбина до ѕвездите“.

Извршниот директор на SpaceX изгледаше воодушевен кога Трамп вети дека ќе „лансира американски астронаути за да го засадат американското знаме на Марс“, долгогодишна лична амбиција на милијардерот.

Маск го пофали новиот американски претседател во својот говор одржан непосредно по заклетвата. Тој го поздрави доаѓањето на новото „златно доба“ за САД.
„Благодарение на вас, иднината на цивилизацијата е обезбедена“, рече тој.

„Човеку, едвај чекам. Ова ќе биде прекрасно“, рече тој.

Маск, кој е најбогатиот човек на планетата, исто така уште еднаш го поддржа Трамп во објава на X. Тој напиша: „Враќање на кралот“.

Сопственикот на Тесла дал околу 200 милиони долари за кампањата на Трамп. Потоа беше назначен за шеф на новоформираниот Оддел за владина ефикасност (DOGE).

Советничката група не е дел од Владата, но ќе препорача драстични кратења на буџетите и бирократијата. По неговото назначување, Маск постави цел од 2 трилиони долари, што одговара на големината на дефицитот на САД. Тоа би барало кратења на програмите за социјално и здравствено осигурување и веројатно отпуштања на стотици илјади државни службеници.

На почеток