Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Фотографија од судските списи за Џефри Епстин прикажува вечера одржана во 2015 година, на која присуствувале некои од највлијателните личности од Силициумската Долина, а самиот Епстин подоцна се фалел дека собирот бил „див“. На фотографијата, објавена од американското Министерство за правда, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, седи на маса покрај извршниот директор на Спејс-Екс, Илон Маск, и Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот таблоид „Дејли мејл“.

— реклама —

На вечерата присуствувал и коосновачот на ПејПал, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија. Епстин ја испратил фотографијата сам на себе по електронска пошта во понеделникот, на 3 август 2015 година, само еден ден откако се пофалил дека вечерал со технолошките титани. Врамениот примерок бил изложен и во неговиот стан на Менхетен. Според електронската кореспонденција во досието, вечерата се одржала на 2 август 2015 година.

Истата вечер, Епстин му пишал на авторот и лекар Питер Атија, прашувајќи го каде се наоѓа, додавајќи дека можеби ќе отпатува во Лос Анџелес за да ја разгледа внатрешноста на друг авион, при што навел дека во тој момент вечера со Маск, Тил и Цукерберг. Атија одговорил со ентузијазам, оценувајќи дека станува збор за „одлична вечера“.

— реклама —

Епстин, кој почина во затвор на Менхетен во 2019 година, подоцна го опишал собирот како „див“ во електронска порака испратена до милијардерот Том Прицкер на 20 август 2015 година. Овој опис повторно излезе во јавноста во момент кога расте интересот за врските на финансиерот со моќни поединци.

Именуваните личности во меѓувреме се обидуваат да ја минимизираат секоја поврзаност со Епстин. Објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда го разоткри неговиот општествен круг, при што се нагласува дека појавувањето на фотографиите не претставува доказ за какво било незаконско дејствие.

Илон Маск се споменува повеќепати во документите, вклучително и во постари електронски пораки кои укажуваат на пријателски однос со Епстин со години пред вечерата во 2015 година. Во ноември 2012 година, Маск му пишал на Епстин прашувајќи кога ќе биде „најлудата забава на островот“, додавајќи дека веројатно ќе дојде со тогашната сопруга, актерката Талула Рајли. Во тоа време, Епстин веќе бил осуден за сексуални злосторства против малолетници на Флорида.

Во декември 2013 година, Маск повторно го контактирал Епстин за можен престој на неговиот карипски остров, при што размениле повеќе пораки за датумите. Иако не е јасно дали посетата некогаш се реализирала, кореспонденцијата укажува на блиски односи.

И покрај објавените документи, Маск во повеќе наврати негираше блискост со Епстин. Во интервју за „Венити фер“ изјави дека не го познавал доволно добро за да запознава други луѓе со него и го нарече „очигледно морничав“. На платформата Икс тој исто така отфрли тврдења дека присуствувал на негови забави, нагласувајќи дека никогаш не бил на таков настан и дека јавно повикувал на кривично гонење на сите што соработувале со Епстин во извршување злосторства.

Дополнителни електронски пораки покажуваат дека Џои Ито присуствувал на вечери со Епстин и во 2014 година, а во друга кореспонденција разговарал за заеднички патувања со него. Јапонскиот претприемач поднесе оставка од функцијата директор на MIT Media Lab во 2019 година, откако беше откриено дека Епстин донирал околу 850.000 долари на Универзитетот меѓу 2002 и 2017 година.

Според извештаи, Ито се обидел да прикрие значителни донации насочени кон лабораторијата и кон негови лични инвестициски фондови. Случајот излезе на виделина по објавата на текст во „Њујоркер“, во кој беше наведено дека вработени во лабораторијата, напорите за сокривање на контактите со Епстин ги нарекувале „Волдеморт“, односно „оној чие име не смее да се изговори“. Ито денес е претседател на Технолошкиот институт Чиба во Јапонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Магазин | пред 1 месец

Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск реагира по објавата на новите досиеја за Епстин: ‘Мојата преписка може да се злоупотреби’

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Документи од американското Министерство за правда: Илон Маск имал поблиски контакти со педофилот Епстин отколку што јавно признавал

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања