Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Украина стравува од ново исклучување на „Старлинк“: „Америка има огромна моќ за уцена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
ilon-mask-1

Украинската војска се соочила со сериозен проблем на бојното поле откако во средината на октомври сателитската мрежа „Старлинк“ почнала да го губи сигналот долж фронтот. Според истражувањето на американското списание „Атлантик“, зад прекинот стоел Илон Маск, кој сакал да спречи користење на цивилната технологија за напади со борбени беспилотни летала врз руските сили.

На 11 октомври, командантите на украинската војска добиле доверливо предупредување дека губењето на пристапот до „Старлинк“ може да предизвика сериозни последици, бидејќи од оваа мрежа зависел голем дел од украинската флота беспилотни летала. Два дена подоцна, сигналот почнал да се губи долж фронтот, беспилотните летала останале приземјени, а воените операции биле запрени. Изгубени биле и скапи поморски беспилотни летала во Црното Море.

Основачот на невладината организација „Народен Старлинк“, Володимир Степанец, претходно предупредил дека целосното исклучување на системот може да предизвика верижни последици и на крајот да ѝ донесе победа на Русија. Висок американски воен претставник за „Атлантик“ изјавил дека без „Старлинк“ војната едноставно би запрела.

— реклама —

Маск набргу јавно призна дека стои зад исклучувањето на сигналот, а на платформата Икс остро ги нападна оние што се залагаат за воена помош на Киев, обвинувајќи ги дека поттикнуваат продолжување на крвопролевањето без да понудат реално решение за конфликтот.

Украина и нејзините сојузници во меѓувреме се обидуваат да најдат замена за сателитската мрежа, која опфаќа повеќе од 11.000 сателити и овозможува брз интернет речиси насекаде во светот. Сепак, засега нема споредлив систем. Украинските и европските обиди за развој на сопствена мрежа се соочуваат со сериозни пречки, а европските проекти сè уште се далеку од потребниот опсег.

— реклама —

Русија, од друга страна, забрзано развива сопствена сателитска мрежа наречена „Расвет“. Според Андреј Лискович од Фондацијата за одбрана на Украина, нејзиното воспоставување би ѝ донело значителна предност на Москва, особено во насочувањето на беспилотните летала.

Илон Маск уште во септември 2022 година одбил да го активира „Старлинк“ во дел од Црното Море, кога украинската војска подготвувала напад со поморски беспилотни летала врз руски воени бродови на окупираниот Крим. Тој тогаш изјавил дека мрежата е наменета за комуникација, образование и работа, а не за напади со беспилотни летала.

Кон крајот на 2022 година, за да ги ублажи загриженостите на Пентагон, Маск ја започнал воената верзија „Старшилд“, финансирана од американската влада. Сепак, украинската војска не преминала на овој систем, па најголемиот дел од опремата на теренот продолжил да се потпира на обични цивилни антени.

— реклама —

Според истражувањето на „Атлантик“, повеќе од 250.000 терминали „Старлинк“ се користат на украинското бојно поле. Нивната набавка, според списанието, тајно ја финансирале Полска и Германија под образложение дека станува збор за хуманитарна помош. Месечната претплата за цивилниот систем изнесува околу 30 долари, додека воените терминали „Старшилд“ може да чинат и до 25.000 долари по уред.

Маск тврдел дека користењето на цивилниот „Старлинк“ за напади со беспилотни летала никогаш не било дозволено и дека таа можност била затворена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјавил дека Украина не ја користи мрежата за напади на руска територија, туку за одбрана од руските беспилотни летала и за дејствување против руски воени цели на привремено окупираните украински подрачја.

Зеленски открил дека системот не бил целосно исклучен, туку неговата брзина била драстично намалена. Поради тоа, украинската војска не успеала да пресретне дел од руските беспилотни летала, а имало и проблеми со снабдувањето на војниците на првата линија со храна и вода.

Иако сигналот подоцна бил обновен, украинските команданти предупредуваат дека зависноста од „Старлинк“ останува сериозна слабост. „Имаме исклучително опасна слаба точка, а тоа е нашата зависност од Старлинк. Ќе го решиме тоа следната година, но дотогаш Америка има огромна моќ за уцена“, изјавил украинскиот конструктор на беспилотни летала Денис Штилерман за „Атлантик“.

Според списанието, доминантната позиција на компанијата „СпејсИкс“ во вселенскиот транспорт дополнително ја отежнува можноста Украина брзо да најде замена за системот од кој во голема мера зависи нејзината одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask

Маск размислува да ги спои „Тесла“ и „СпејсИкс“, експертите предупредуваат на ризици

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Франција: Маск ја користи Икс за напади врз европски политичари

Свет | пред 2 седмици

ilon-mask

По Трамп и Маск бара заминување на Зеленски: „Време е Украина да добие нов лидер“

Свет | пред 3 седмици

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања