Македонија

ФЗОМ знаат за недостатокот од биолошка терапија, бараат критериуми за вклучување на пациенти на посебни терапии

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во изјава за МИА вели дека од Клиниката за радиотерапија и онкологија се информирани за недостатокот на одреден број лекови, од биолошката терапија.

„Според информациите од Клиниката, тоа е поради несоодветното планирање во 2024 година, премин од 2024 во 2025 годинa и зголемен број на пациенти во декември. Фондот во 2024 година за УКРО одобри дополнителни пет милиони евра. Фондот работи на договор на зголемен буџет за 2025 година. И покрај напорите за зголемување на финансиите, УКРО треба да има јасни и транспарентни критериуми за вклучување на пациентите на посебните терапии. Треба да се воведе регистар на пациенти и други подобрувања за соодветно планирање и следење”, вели Клековски.

На почеток