Заробен севернокорејски војник сакал да се самоубие, па барал да гледа романтични филмови во Украина
Украинските падобранци кои заробија севернокорејски војници открија ретки детали за заробениците. На пример, еден од ранетите севернокорејски војници кој неодамна беше заробен од Украина, прво се обидел да се самоубие, а потоа побарал да гледа корејски романтични филмови, пренесува Политико.
– Тој веќе беше ранет во битката, но остана мирен додека не дојде возилото за евакуација. Го спроведовме до патот каде што имаше бетонски столбови, а тој одеднаш притрча и со главата удри во столбот, изјави еден од војниците на 95-та ударна бригада.
Да потсетиме дека Северна Кореја испрати на Русија околу 12.000 војници да помогнат во борбите во областа Курск. На бојното поле се појавија на крајот на октомври и оттогаш се здобија со лоша репутација меѓу Украинците бидејќи повеќе сакаа да се самоубијат отколку да се предадат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 4.000 севернокорејски војници се убиени или ранети откако се приклучиле на војната.