Скопје

(Видео) Ужас во Сопиште: Автобус на ЈСП се запали и изгоре во близина на куќа, граѓани панично бегале

Автобус на ЈСП, кој возел на линијата 58 изгоре, а луѓе панично бегале. Не е познато дали станува збор за патници, но очевидци сведочат дека имало жени кои плачеле од вознемиреност

Автобусот се запалил во момент кога се наоѓал покрај куќа.

„Скопје1“ во низа наврати пишуваше за неисправните автобуси кои остануваа дефект низ скопските улици. Граѓаните се шегуваа дека со ЈСП никогаш не се знае последната станица.

Истовремено, „Скопје1“ во повеќе наврати бара одговори од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, која е причината што вакви автобуси воопшто се пуштаат во сообраќај, но и чија е вината. Претходно, од Кушовски баравме и одговор кој ќе понесе одговороност при евентуална несреќа. Од него нема одговори.

Градоначалничката Данела Арсовска, знае за состојбата, но не побара одговорност од директорот, ниту го разреши.

На почеток