Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryhdkqaucppa56dbTy3Cv
Скопје1.мк

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

 Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје.

Имено на вчерашната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката Милица Давчева беше дадена изјава дека е укината линијата 35 која доаѓа од Скопје Север и оди до Аеродром а која ја користат учениците од СУГС Марија Кири Склодовска - Скопје и истата свесно споделена на социјалните мрежи со цел создавање паника помеѓу корисниците на таа линија.

Вистината е дека линијата со број 35 воопшто не е променета а впрочем не беше ни предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Градот Скопје.

Доколку ги проучуваат материјалите правилно и присуствуваат на матичните комисии како и на организираните јавни средби каде што се разгледуваше пред усвојување одлуката не би дале свесно ваква изјава. Но можеби впрочем и затоа не присуствуваат се со цел да имаат простор за да продуцираат на ваков начин лажни вести.

Во иднина ги замолувам граѓаните на Град Скопје со голема резерва да ги прифаќаат сите изјави изнесени од советниците на ПП Левица во Советот на Град Скопје затоа што се со единствена цел за свесно создавање лажна паника и вознемиреност.

Се докажа дека интересот на ПП Левица не се граѓаните на Град Скопје туку единствено е нивниот личен политички интерес кој го добиваат преку лажен ПР, лажни вести и манипулации со јавноста.

Воедно барам од советничката Милица Давчева јавно да се извини за дадената лажна изјава и за тоа што свесно создаде паника и вознемиреност кај граѓаните посебно меѓу учениците од средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска - Скопје“, напиша Мисајлески.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 1 месец

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 1 месец

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања