По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, ЈСП Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните.
Манифестацијата ќе се одржи в сабота, 3 октомври, од 18:00 часот до 03:00 часот на 4 октомври.
Од ЈСП информираат дека бесплатниот превоз е обезбеден со цел граѓаните непречено да присуствуваат на настанот и навреме да се вратат по завршувањето на програмата.
ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од „Бела ноќ 2026“.