Новата автобуска линија 35 од вчера воспоставува директна врска меѓу општина Бутел и општина Аеродром, односно меѓу Радишани и Ново Лисиче.
Од Општина Бутел информираат дека со воведувањето на линијата се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се подобрува поврзаноста меѓу населбите.
Автобусите од Радишани ќе поаѓаат во 06:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 16:00 часот.
Од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија по линијата 37, која, како што наведуваат, има значење за подобро поврзување на скопските населби.
„Поврзуваме населби, олеснуваме движење и создаваме подобра градска поврзаност“, наведуваат од Општина Бутел, упатувајќи благодарност до градоначалникот на Скопје и ЈСП.