Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“
По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, ЈСП Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните.Манифестацијата ќе се одржи в сабота, 3 октомври, од 18:00 часот до 03:00 часот на 4 октомври.Од ЈСП информираат дека бесплатниот превоз е обезбеден со цел граѓаните непречено да присуствуваат на настанот и навреме да се вратат по завршувањето на програмата.ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од „Бела ноќ 2026“.
Скопје | пред 2 часа