(Видео) Втора оставка на политичар во Србија
Од
Објавено на
Градоначалникот на Нови Сад, каде натстрешница од Железничката станица се урна и загинаа лица кои седеа под неа, поднесува оставка.
„Претседателот Вучиќ и јас разговаравме преку телефон со градоначалникот на Нови Сад, господинот Ѓуриќ, кој ќе поднесе оставка и ќе покаже дел од својата одговорноста. И со тоа ги исполнивме и најполитичките барања на дел од најекстремните демонстранти“, рече српскиот премиер Милош Вучевиќ.
Според него, ова е прифаќање на дел од одговорноста.
„Ние се сметаме за објективно одговорни за тоа што се случи во Нови Сад и ја плаќаме политичката цена“, додаде тој.