Повторно сменет директорот на скопското Комунално претпријатие, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи. „Скопје1“ праша во Град Скопје, дали и зошто е направена петта промена на директор, но до овој момент не доби одговор.

Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.


Од споделувањата, јасно е дека се гордее со УЧК и командантот Талат Џафери.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.
„Скопје1“ праша во Град Скопје дали е точно и зошто е сменет директорот на Комуналното претпријатие во Скопје, што згрешил досегашниот директор Јетон Незири за да биде сменет, која е биографијата на Сабахудин Рустеми, како и кога е ангажиран. Со оглед дека изминатите месеци, немаме добиено одговор на ниту едно прашање – не очекуваме ниту сега.
Арсовска со четврта среќа во „Комунална хигиена“, пак промени директор - дел од вработените изненадени
Скопската градоначалничка Данела Аросвска по третпат разрешува директор на „Комунална хигиена“, дознава „Скопје1“. Одлуката е донесена денеска, велат наши извори од Град Скопје. Сега, претпријатието ќе си ја проба четвртата среќа. За нов според информации на „Скопје1“, назначен е извесен Јетон Незири.Непознато е која е причината за разрешувањето на Гоце Трајковски, кој Арсовска го назначи во октомври минатата година, откако се скара со Косана Мазнева-Николиќ, со која се на суд. Бидејќи Арсовска
Македонија | пред 1 година