„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Арсовска со четврта среќа во „Комунална хигиена“, пак промени директор - дел од вработените изненадени

објавено пред 1 година -

Македонија
danela-arsovska-1

Скопската градоначалничка Данела Аросвска по третпат разрешува директор на „Комунална хигиена“, дознава „Скопје1“. Одлуката е донесена денеска, велат наши извори од Град Скопје. Сега, претпријатието ќе си ја проба четвртата среќа. За нов според информации на „Скопје1“, назначен е извесен Јетон Незири.

— реклама —

Непознато е која е причината за разрешувањето на Гоце Трајковски, кој Арсовска го назначи во октомври минатата година, откако се скара со Косана Мазнева-Николиќ, со која се на суд. Бидејќи Арсовска не комуницира со медиумите и јавноста, градот функционира како „приватна фирма“, не можеме да добиеме детали.

Познато е дека Комунална хигиена има голем недостаток на кадар, па затоа беше тешко и чистењето на скопските улици. Граѓаните имаа жестоки реакции за задоцнетото собирање отпад, а комуналците во трка со времето пробуваа тоа да го поправат.

— реклама —

Арсовска во изминатиот период двапати беше забележана на јавен настан. Но освен оставање букети, не чувме ниту збор што прави со Скопје, со оглед дека поплаките ги има во секој дел – од нечистотија до транспорт. Најголем дел од проектите од програмата „За модерно Скопје“ останаа само на хартија.

Досега, со Комунална хигиена раководеа Зуди Енуз, кој беше од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, па сменет поради пукањето кај Мавровка од неговиот брат. Потоа, дојде Косана Мазнева-Николиќ, за која Арсовска имаше само пофални зборови, кои по кратко време станаа критики и обвинувања.

Последен во низата беше Гоце Трајковски, кој денес е разрешен. Вработени во „Комунална хигиена“ сведочат дека во претпријатието се појавил и новиот директор, кој кажал дека е назначен од Арсовска. Во претрпијатието имало и изненадени, бидејќи никој не очекувал промена на Трајковски со оглед дека тој е назначен за директор со менаџерски договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања