На 18.03.2019 во 17.00 часот на улица „Нов живот“ во Скопје, мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош,. Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанатa помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот.