ОО

Поради снежниот бран што го зафати Охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид, дека поради снежниот бран што го зафати Охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато.

Многу локации кои се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење

Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и динамика која е предвидена согласно годишната програма за работа

Се надеваме на разбирање од граѓаните и правните субјекти, а штом се стабилизира состојбата, подигнувањето на комуналниот отпад ќе се реализира согласно пропишаната динамика

На почеток