Свет

Зеленски подготвен да ги стави чувствата на странааЗеленски: Ако тоа е единствената опција што ќе донесе мир, подготвен сум да седнам на маса со Путин

Володимир Зеленски е подготвен да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин, доколку тоа е единствената опција што ќе донесе мир во Украина, изјави украинскиот претседател на британскиот новинар Пирс Морган во интервју објавено на 4 февруари, пишува Киев Индипендент.

Зеленски рече дека Украина е подготвена да стави крај на „жешката фаза“ на војната и дека нејзината подготвеност воопшто да преговара со Русија претставува компромис.

„Ќе разговараме со Путин… Дури и разговорот со Путин е компромис“, му рекол Зеленски на Морган.

На прашањето како би се чувствувал седејќи спроти Путин на состанок, Зеленски ги оставил настрана своите лични чувства по ова прашање.

На почеток