Македонија

Кривичен демантира дека Игор Југ барал повторување на постапката

Се огласи Кривичен суд по написите и објавите на социјалните медиуми.

Со соопштение демантираат дека, сега починатиот Игор Југ барал повторување на постапката

Од Основниот кривичен суд демантираат дека до нив било доставено барање за повторување на постапката за Игор Југ. Од таму велат дека досега до нив не било доставено вакво барање ниту од осудениот ниту од неговите бранители.

„Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот за настаните кои се случија во Собранието на РМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје не е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката. Заради тоа во целост ги демантираме наводите дека судот не одлучувал по неговото барање“, се вели во реакцијата на судот.

На почеток